Индексот на цените на угостителските услуги во март 2018 година, во споредба со февруари 2018 година, е зголемен за 1.2% според податоците на Државниот завод за статистика . Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Ноќевања за 5.8 %.
Индексот на цените на угостителските услуги во март 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 2.4 %.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – март 2018 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 1.6 %, додека во однос на декември 2017 година е зголемен за 0.6 %.