МАКЕДОНИЈА Е ДЛАБОКО НАВЛЕЗЕНА ВО ЕНЕРГЕТСКА ТРАНЗИЦИЈА
За три години, од обновливи извори, Македонија го зголеми инсталираниот капацитет за производство на електрична енергија за 32-33 отсто, што е одлична бројка, смета претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.
– Во 2024 година имаше околу 300 лиценци за 330 и нешто нови мегавати, најголем дел од фотоволтаични електрани, а од претходните години имавме уште 550- 560 мегавати. Македонскиот приватен сектор ја виде кризата како можност за инвестиции во обновливи извори, кои, да, немаат стабилно производство како термоелектраните и зависат од временските услови, но поради нив во 2023 година и поради доброто производство на ЕСМ, увозната зависност од 33 до 34 отсто ја сведовме на 2,75 проценти. Сега увозот на струја е далеку помал, а 90 отсто од фотоволтаичните електрани немаат поддршка од државата – вели Бислимоски.