Граѓаните во банките должат речиси четири и пол милијарди евра. Податоците на Народната банка покажуваат дека најмногу се задолжени по основ на потрошувачки кредити кои надминуваат две милијарди евра. За станбени кредити граѓаните во комерцијалните банки должат една милијарда и 500 милиони евра.

Вкупен долг на граѓаните   4,32 милијарди евра

Потрошувачки кредити       2,17 милијарди евра

Станбен кредит                   1,52 милијарди евра

Граѓаните кои ги анкетиравме велат дека незамисливо е да се живее без кредит. Се земаат кредити дури и за набавка на храна. Најтешко е велат на младите оние кои допрва треба да формиураат семејство, бидејќи цените на становите се нереални а условите за подигнување на станбен кредит многу обемни.

Во однос на каматите, од Народната банка велат дека засега каматните  стапки на кредитите не се менуваат.

Народна банка: „Тековната поставеност на монетарната политика е соодветна на условите во економијата, но и на ризиците, коишто и натаму постојат и се нагласени. На седницата беше одлучено, каматната стапка на благајничките записи да остане на нивото од 5,35%, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 3,95% и 4%, соодветно. Непроменета е и понудата на благајничките записи на редовната аукција и изнесува 10 милијарди денари.“

Податоците на народната банна велат уи дека се намалуваат лошите или нефункционалните кредити.

Ланската година банките имале добивка од речиси 283 милиони евра. Тоа е зголемување за речиси 50 отсто во однос на 2023 година. Податоците на Централната банка покажуваат дека  петте најголеми банки во Македонија  имале 250 милиони евра профит, а најголем дел од приходите се од каматите на кредитите.