Донесените измени на законот за трговија според кои тезгаџиите требаше да извадат лиценца од комората на трговци според стопанската комора е непотребно бидејќи сите области се регулирани со 11 другите закони, УЈП има увид кој се продава по пазарите што може да се регулира само со класична лиценца која нема да ги оптоварува пазарџиите заради што сметаат дека наместо да се применува од нова година да се укине законот за трговија на зелените пазари.
Од комората на трговци која треба по законот да ги издава лиценците и која од 2005 година се залагаше да се најде вакво законско решение за тезгаџиите се зачудени од ставот на организаторите на пазарите кои работат по сосема други закони. Тие го повторија својот став дека законот е во полза на сите кои имаат тезги и дека е најдоброто решение кое успеале да го договорат со владата за да се сузбие сивата економија.
Ако почне да се применува од нова година одложениот закон тоа ќе значи дека секој тезгаџија треба да има лиценца која чини 60 евра за една тезга и по 40 евра за секоја дополнителна. Во земјава има околу 20 илјади тезги кои годишно државната каза ја полнат со околу 5 милиони евра а околу 800 илјади евра секоја година зема сивата економија.