Хонг Конг (Ројтерс) – Кинеската централна банка ги олабави своите услови со намалување на обврските по задолжителните резерви за да ги помогне помалите фирми, во последниот потег за спречување на забавувањето на економијата.

 

Народната банка на Кина ќе вклучува заеми за мали фирми со кредитна линија помала од 10 милиони јуани (1,46 милиони долари) во проценките за намалување на целните резерви, во споредба со 5 милиони јуани досега, се вели во соопштението обавено денес.

“Ова ќе помогне во проширувањето на покриеноста на повластените политики за инклузивно финансирање на малите претпријатија и ќе им овозможи на финансиските институции да ги исполнат кредитните потреби на овие претпријатија”, се вели во соопштението на централната банка на својата веб-страница.

Промената на политиката стапи на сила од 2019 година, се вели во соопштението.

Економскиот раст на Кина забави на 6,5 отсто во третиот квартал, најслабата динамика од глобалната финансиска криза. Индикациите се дека моментумот веројатно ќе продолжи понатаму во четвртиот квартал и 2019 година.

Кабинетот на Народната Банка на Кина вети дека ќе го подобри инклузивното финансирање и политиката за намалување на целните резервни задолженија за мали и приватни компании.

Владата обезбедува поддршка за малите фирми и приватните претпријатија, кои се од витално значење за економскиот раст и вработувањето, бидејќи растот е значително опаднат поради трговските судири со САД.

Централната банка ги намали задолжителните резерви за кредиторите четири пати во 2018 година, со натамошно намалување на очекувањата.