ИНЖЕНЕРИТЕ НА РМ СО ПРЕДЛОГ ДО РЕГУЛАТОРОТ 

Инженерите на Република Македонија доставија предлог до Регулаторната комисија за енергетика за измени на Правилата за снабдување со електрична енергија. Оттаму велат дека предложените измени се резултат на конкретните приговори од граѓаните и потребата од системско решение без вршење на проценки, туку наплата според реално измерената потрошувачка.

За нивниот предлог ќе се разговара на состанокот со членовите на Регулаторната комисија за енергетика закажан за денеска.

– Со нашиот предлог предвидуваме да нема сомнителни фактури базирани на „претпоставки“ туку да има редовно месечно читање на струјомерите и секој потрошувач да добива сметка според реалната, а не според некаква проценета потрошувачка. Во случаите кога не е прочитано броилото на време ЕВН да врши автоматска корекција на сметките без поднесување на приговори од страна на потрошувачите – се вели во соопштението.