Русија зборуваше за можностите за „дедоларизација“, а Бразил ја претстави идејата за заедничка валута БРИКС на самитот на овој блок, кој сака да го предизвика Западот и да ја намали важноста на американскиот долар во трговијата и финансиите. Заменик-директорот на одделот за истражување на Меѓународниот монетарен фонд, Џан Марија Милези-Ферети за РСЕ вели дека такво нешто е малку веројатно
Блокот БРИКС, група на земји во развој за кои се смета дека сака да им се спротивстави на Соединетите Држави и на Западот, се согласи на самитот минатата недела да прими шест нови земји – Аргентина, Египет, Етиопија, Иран, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.
Новите членки ќе го направат БРИКС главно седиште на стоки, со значителен дел од глобалниот извоз на нафта, пченка и пченица. БРИКС – што значи Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка – сега сочинува 40 отсто од светското население, удел што ќе се зголеми кога другите земји ќе се приклучат следната година.
На самитот, бразилскиот претседател Луис Игнасио Лула да Силва ги повика земјите од БРИКС да создадат заедничка валута за трговија и инвестиции како начин да се намали доминацијата на американскиот долар. Во деновите што следеа, руските државни медиуми ја промовираа идејата за заедничка валута БРИКС, а на јавноста и беше кажано дека ќе значи пад на доларпт и економското влијание на Соединетите Држави.
„Иако земјите – членките на БРИКС би можеле да постигнат напредок во намалувањето на уделот на доларот во нивната билатерална трговија, ќе биде потешко да се извлечат од него како резервна валута поради далеку поголемата леснотија за купување и продавање“, вели во интервју за РСЕ Џан Марија Милези-Ферети, висок соработник во Центарот за фискална и монетарна политика на институцијата Брукингс, Хачинс.
Милези-Ферети, кој претходно беше заменик-директор на одделот за истражување на Меѓународниот монетарен фонд, вели дека изгледите за заедничка валута БРИКС се малку веродостојни, укажувајќи на големите разлики во структурата на економиите на членките, во нивното ниво на развој, во отвореноста на нивните финансиски пазари и во управувањето со нивните валути.
Ако доминацијата на американскиот долар значително згасне во иднина, тоа најверојатно ќе има повеќе врска со лошото управување со американската економија, како на пример големите дефицити, отколку со какви било напори на БРИКС „да го симнат доларот од тронот“, заклучува Милези-Ферети.
Во продолжение извадоци од интервјуто:
БРИКС постои речиси 13 години. Како би го споредиле овој блок со блокот Г7?
Според мене, БРИКС досега беше повеќе форум за разговор за некои од најголемите економии во развој, наместо структуриран ентитет со целосно заедничко гледиште за основите на економијата. Мислам дека има јасно елементи кои се заеднички за овие земји. Но, постојат многу суштински разлики во структурата на економиите, во нивото на развој, во политиката, во многу аспекти, кои ги надминуваат разликите меѓу Г7, кои имаат тенденција да бидат земји со заеднички збир на вкупни вредности, а слична општа структура на економијата и слично ниво на развој. Се разбира, некои се побогати од другите, но генерално, јасно е дека има поголема хомогеност во групата Г7 отколку во БРИКС.
БРИКС ќе се прошири и ќе вклучи уште шест земји: Аргентина, Египет, Етиопија, Иран, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. Дали ова ќе ја направи организацијата посилна?
Не гледам дека ова ја прави групата похомогена. Тоа ќе додаде плус билиони долари долари во вкупниот БДП, но разликите во структурата и економските предизвици се огромни. Да ја земеме на пример Аргентина која се бори со многу висока инфлација и има драматична буџетска ситуација и споредете ја со тоа што Саудиска Арабија се расфрла со најскапите фудбалери во светот со ниво на расположлив приход, секако за луѓето родени во Саудиска Арабија, што е многу покачено. Дури и во однос на валутата, Саудијците се врзуваат за доларот додека Аргентина има контрола на капиталот и добро управуван девизен курс. Тоа се само многу различни економски околности, па дури и институции и политики.