На денешната седница на Владата е прифатен усогласениот текст на спогодбата со Владата на Република Србија за заемно признавање на одобренија за овластен економски оператор за безбедност и сигурност (ОЕОС).

На седницата е усвоена Информација за склучување спогодба помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за заемно признавање на одобренија за овластен економски оператор за безбедност и сигурност (ОЕОС), разгледан и прифатен е усогласениот текст на спогодбата, а директорот на Царината Ѓоко Танасоски е овластен да ја потпише.

– РАЗГЛЕДАНА И УСВОЕНА Е И ИНФОРМАЦИЈА ВО ВРСКА СО НОВОУСОГЛАСЕНИОТ ТЕКСТ НА МЕМОРАНДУМОТ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И МИНИСТЕРСТВОТО ЗА РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ И УРБАНИЗАМ НА РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА, БЕШЕ РАЗГЛЕДАН И УСВОЕН НОВОУСОГЛАСЕНИОТ ТЕКСТ И МИНИСТЕРОТ ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА, ГОРАН МИЛЕВСКИ БЕШЕ ОВЛАСТЕН ДА ГО ПОТПИШЕ И ДА ЈА ИНФОРМИРА ВЛАДАТА ЗА НЕГОВАТА РЕАЛИЗАЦИЈА, СООПШТИ ВЛАДИНАТА ПРЕС-СЛУЖБА.