Најпрво сакам на му честитам 8-ми март на вториов, дресирана пудлица, која сега безбедно го евакуирал ковчестиот гз во Виена, и од таму продолжува ни мудрува и да реди клинци во сандакот наречен Македонија

Станувам денес, и во паралелниов универзум на антикава, покрај редовната доза глупости од Ванкоска, читам две работи, кои да не сме ненормални колку што сме, би се сместиле во жанрот Научна Фантастика.

Првиов удар го задава ударникот наш Заев. Сабајлево му вика на Мицко грипосаниот: Стани Мице, Влада да правиме… Петокот гласаше во собранието и собираше мнозинство од 62 пратеници. Викендов, одмори, дрмна 2-3 рајчии и го вика архинепријателов да прават Влада. Околу 72 часа трае македонскава сериозност и стратешка определба. Кој што му рекол на човеков викендов, не знам, ама вакви глупости, да ми извини, не му доликуваат на нормален човек. Абре царот е гол ! Заев е луд ! Друго објаснување немам. Друже премиере, наместо да им нудиш некакви си заеднички коалиции, влади и што ти знам јас, ти треба да ги изгазиш како пијан говно, до бришење во централен регистар. За тоа те гласаа луѓето. Не за да се пајдисвиш со нив….Тоа ти е како во дискач, гледаш девојка, грдичка, па никој не и се пушта, па ти се „саможалуваш“ – правиш чекор, и таа си ја крева цената. Не знам дали утрово ги слушаше коментарите по контактните емисии. После овој твој луд предлог, членството нивно се мобилизира, добива крила, сјајот на одмаздата во очите е разгорен од славното лоповско нивно минато, денови кои им фалат и за враќање на тие денови, ќе те запалат на клада. Доколку не ги средиш како што треба, за брзо очекувај да бидеш среден од нив. Е тие, барем за тоа се „исполнителни“. Тие кога апсат, апсат по цели фамилии. Нема приговори. Абре Заев. што ги правиш играчи кога нивото им е да носат вода. Ама ти си знајш. Јас како што гледам, нешто ти се одлемило викендов….

Вторава неверојатна будалија која ја читам утрово, е од пудлицата Јовановиќ, кој ни мудрува од некојси Институт на Виена, каде тој е земен и седнат „на калап“ дека е добро што се задолжуваме, дека е добро што за 200 милиони повеќе се задолжуваме, дека е добро што „забременивме“ со 700 милиони евра нови борџови, добро е бидејќи стапката на камата е пониска од стапката на раст. Растот бил 2% во антикава, а еврообврзницата ни била одобрена со 1.65%… Јас тебе, евакуирано потпикало, кое за ниедна неуспешна реформа не поднесе никаква одговорност, исто како онај данчанецон кој пелтечеше по говорници, имам да ти порачам 2-3 работи:

  1. Прво, нормален човек и реномиран економист не мисли дека задолжувањето е долгорочна опција. Тоа дека стана мејнстрим во светот, е поради тоа што Западот мора да држи народи под свое кредитно робство. За да го наметне тоа робство се потребни вакви „економисти“ и „патриоти“ како тебе, кои прво ги врбоваат а после ги редат „ на калап “ во центрите за индоктринација.
  2. Второ, ако бевте толку добри на меѓународниот пазар, зошто не се позајмивте за нула каматна стапка или по негативна каматна стапка. Секаде во Западна Европа, каматите се негативни. Затоа не го продавај овој неуспех како успех.
  3. Како не ти е срам, 2% номинален раст, да го преставуваш како солиден раст. Сигурно си го „голтал“ Милтон Фридман, бидејќи во тие води пловиш те гледам, и самиот знаеш а и тој емпириски ти пресметал дека раст од под 3% на годишно ниво, не е никаков респектибилен раст и значи долга, болна и изгубена битка во стандардот.
  4. И последно, но не и најнезначајно, абре што има ти да мудруваш од таму. Седи си во Виена, ти се даде овде шанса, се покака, си замина… Како сите големи „јунаци“ што ги имаме… Нема што да мудруваш, бруко… Па ти го донесе прелози за прогресивен данок, па после го бранеше неговото укинување… Замисли !! Кај го има тоа во светот? Па најголема реформа со министеркана-стара мома Ви беше укинувањето на писмената сметкопотврда. И на крај и тоа не го направивте… Како после сето ова се појавуваш по медиуми, јас еве не знам….

 

Наум Димитровски