Воспитувачките во градинките добиваат драстично зголемување на платите. Ова на Фејсбук го напиша премиерот Зоран Заев.

– Над 3.000 воспитувачки ќе добијат 3.000 денари поголема плата, а во септември ќе имаат и дополнително покачување од 5%! Тие се грижат за нашите деца, за иднината на државата. Посветено работиме за сите граѓани и се грижиме за вработените. Вложуваме во иднината на Северна Македонија!, напиша премиерот Заев.