Ја покачивме миниминалната плата но не застануваме. Преговараме за ново зголемување. Минималната плата да биде 13.000 денари, за повеќе пари да завршат кај граѓаните и да се забрза порастот на платите. Водиме политики со кои ја зголемуваме и просечната плата -порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев од граѓанската трибина во Куманово.

Претседателот на СДСМ зборуваше и за подготовките за стапувањето на сила на електронскот систем на поврат на ДДВ кој пробно ќе биде тестиран во наредните месеци, за потоа да стане редовна постапка од која бенефит ќе имаат и граѓаните и државата.

–Каде и да мрднете има ДДВ. Ако сметката е 1000 денари, 180 денари е ДДВ и од тие 180 денари 15 отсто се враќа назад кај граѓаните. Од сите сметки меѓу 20 и 30 илјади денари ќе враќа семејството годишно, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев во Куманово.

Сите економски параметри се во нагорна линија, напредокот го дава резултатот и покажува дека земјава и економијата се движат во вистинска насока, додаде Заев.

-624 милиони евра странски дирекни инвестиции , раст на економијата, раст на БДП од 3.7%, раст на индустриското производство само за првиот квартал од 8.8%, зголемен извоз и увоз од ТИРЗ за 27.5% се потврда за вистинската насока по која се движи економијата ,односно државата.

Уште една потврда за добриот правец по кој се движиме е и ратификацијата на потоколот веќе од 12 земји . А на крајот на годината на декемврискиот самит ќе го добиеме полноправното членство во НАТО. – рече Заев.

 

 

извор: Makfax