Преку измени на Кривичниот законик ќе се декриминализира поседувањето на мали количини марихуана за лична употреба, најави прмеиерто Зоран Заев.
Паралелено со ова, најави и дебата во првата половина од следната година за легализација на мерихуаната, што би значело дека истата по примерот на Амстердам ќе може да се купува во лиценцирани кофи-шопови.
Активистите и здруженијата кои одмана се залагаат за декриминализација на марихуаната велат дека Македонија е подготвена за овој чекор за, како што велат, да престане прогонот на оние кои поседуваат марихуана за лична употреба.
Освен за лична употреба, Заев најави законски измени со кои на производителите на канабис за медински цели ќе им се овозможи извоз на цветот од растението. На овој начин, премиерот очекува приход од 250 милиони евра само во 2021 година.
Во Македонија сега има 59 фирми со лиценци за одгледување на канабис. Тие работат под строги правила и надзор, но сепак не се имуни на кражби. По спектакуларниот грабеж на камион полн со два тони марихуана во валендовско, викендов мета на крадците бил и склад на фирма во Крушево, од која се украдени 60 килограми. Дрогата е пронајдена во викнедичка во с Врбоец, а уапсени се тројца.