Премиерот Зоран Заев вечерва на својот фејсбук профил го поздрави усвојувањето на Законот за минимална плата од страна на пратениците.
– Честитки до сите работници и работнички! Законот за минимална плата е изгласан во Собранието.
Уште од следниот месец минималната плата ќе изнесува 14.500 денари. Секој граѓанин заслужува да има пристоен живот, затоа минималната плата од 9.500 денари на почетокот на мандатот, ја зголемивме на 14.500 денари, напиша Заев.
Премиерот Заев најавува дека ќе продолжи да се залага за подобар животен стандард на граѓаните.
– Го подобруваме животниот стандард на граѓаните и продолжуваме да се бориме Северна Македонија да стане поубаво место за сите, напиша Заев на фејсбук.