Изгласан е Законот за зголемување на пензиите во Собранието! Ова вечерва го напиша премиерот Заев на Фејсбук.
– Победа за 320.000 пензионери, коишто од следната година ќе добиваат повисоки пензии од 700 до 900 денари месечно. Тоа ќе биде дополнителен приход за секој пензионер просечно за 10.000 денари годишно, напиша Заев.