Растот на платите е прав пат, истакна претседателот Зоран Заев на граѓанската трибина во Прилеп.
– Решивме со мудри чесни политики да обезбедиме раст на платит и граѓаните да добиваат повеќе пари. Следува ново покачување на минималната плата 14.500 денари. Тоа е 5.500 денари повеќе отколку пред две и пол години. Тоа е годишно 66.000 денари повеќе кај секој работник. Тоа направи притисок за раст на останатите плати. Ги зголемивме платите во градинките, во образованието, во здравството, во одбраната, во полицијата. За 2 илјади денари е зголемена просечната плата. Продолжуваме да ги субвенционираме придонесите за да растат платите и во приватниот сектор и ви ветувам, просечната плата наредната година ќе изнесува 30.000 денари, рече претседателот Заев на трибината „На прав Пат” во Прилеп.