Загрепска берза (ЗСЕ) објави вчера дека купила 148 акции од Македонска берза, што е 5,3 проценти од основниот капитал на македонската компанија, по цена од 1.000 евра за акција.
„Трансакцијата е целосно финансирана од сопствени средства“, соопштија од Загрепска берза.
„Загрепска берза ДД долги години успешно соработува со Македонска берза во размена на знаење и искуство, а интензивно од 2014 година, кога заедно со Бугарската берза беше основано СЕЕ Линк доо Скопје, во кое трите берзи делат еднакви акции во сопственост“, се наведува во соопштението на ЗСЕ, пренесува порталот „SEEbiz“.