Бонусот на плата во износ од 3.000 денари ги натера вработените од компанијата Макстил АД побрзо да се решат да примат вакцина. Компанијата веќе втор месец исплаќа ваков додаток на сите работници кои ќе приложат документ дека се вакцинирани.
-Нашата цел беше да се наградат вработените кои се грижат за себе, за колегите, за здравјето на своето семејство, за компанијата, но и да биде мотив плус за оние што се двоумат’’, изјави генералниот директор Иван Бановски.
Од почетокот на процесот на имунизација досега, вакцинирани се околу 40% од вработените.
Макстил е првата компанија во нашата држава којапрезема ваков потег, а веќе има тивки најави дека и други компании ќе го преземат тој чекор.