Државата нуди под закуп земјоделско земјиште со големина од над 3 хектари во 10 региони. Рокот за поднесување на апликациите е 45 дена од неговото објавување на 28 декември лани и завршува утре. Намена е за одгледување на земјоделски култури, аквакултура или рурален туризам за период до 30 години …
Државата нуди под закуп земјоделско земјиште, распоредено во 10 региони и тоа во: Гази Баба, Струмица, Пехчево, Кисела Вода, Гевгелија, Чаир, Валандово, Куманово, Радовиш и во Штип.
Парцелите се со големина од над 3 хектари, а максималната површина за којашто еден понудувач може да аплицира е до 30 хектари.
Предвидената намена е за одгледување на земјоделски култури, аквакултура или рурален туризам за периодот до 30 години.
Право на учество имаат домашни физички и правни, и странски правни лица кои мораат да достават и банкарска гаранција за учество на јавениот оглас во висина не помала од износот на деветмесечна закупнина.
Почетната цена е од 3 450 во Пехчево до 22.200 денари за хектар во Валандово во зависност од катастарската класа и местоположбата на земјиштето. Еден земјоделец може да достави една понуда, а да аплицира за еден или за повеќе региони. Рокот за пријавување на огласот завршува утре.