Рускиот претседател Владимир Путин одговараше на прашања на „Директна линија“ која традиционално секоја година се емитува на телевизија, при што повеќе од 1 и пол милиони прашања се пристигнати од граѓаните. Путин изјави дека прашањата кои му сотавиле впечаток се однесувале на животот во Русија, приходите, здравството и справување со отпадот.
Путин истакна и дека западните санкции чинеле Русија околу 50 до 55 милијарди евра. Но, според него, Европа загубила повеќе од санкциите и дека Русија развива нови технологии кои ќе ги заменат производите кои биле увезувани од странство. „Санкциите на многу начини не мобилизираа“, рече тој.
Запрашан за тоа дали Москва ќе преземе некакви мерки за повлекување на санкциите Путин порача дека земјата нема спорови со никого и во однос на ставот на Западот кон Русија „ништо нема да се смени ако го променат своето однесување“.