Од денеска па до следниот вторник на Македонската берза ќе се продаваат акциите чиј сопственик беше екс директорот на УБК Сашо Мијалков а кои му беа запленети од државата во случајот „Империја“.
Станува збор за акции од „ТТК“ банка, Тутунски Комнибат „Прилеп“, „Акцелор Митал“, Стопанска Банка Битола, „Попова Кула“, „Халк Банка“, Југотур и РЖ Услуги.
Акциите се продаваат по оглас и налог на Агенцијата за запленет имот на јавна берзанска аукција и на 25 ќе се знае дали, и колку државата заработила од акциите на Мијалков.
Во случајот „Империја“, Сашо Мијалков призна вина и се спогоди со Обвинтелството, а казната беше три години затвор и одземање на имот вреден околу 30 милиони евра, меѓу кои 25 станови и парцелата до хотелот Мериот.
Шесте милиони евра готовина кој поранешниот директор на УБК ги уплати, по признанието вина во истоимениот предмет, Владата веќе ги троши.