Започна изградбата на новиот земјоделско- сточарски комплекс „Голд ланд“ во прилепско.

Ова е најнова инвестиција на групацијата „Везешари“ во земјава, со што велат и инвеститорите и од Владата дека ќе се развива руралната средина. Вкупната вредност на проектот, дел од ИПА е околу 4 милиони евра, од кои 1, 5 милиони евра неповратни се од ИПА фондовите.
– Со проектираниот модел на „Голд ланд“, е предвидено изградба на центар за откуп и складирање на зрнести култури. Оваа инвестиција не е насочена само кон задоволување на потребите на нашата компанија, туку е предвидено да прерасне во регионален центар, со што ќе овозможиме загарантиран пласман на земјоделците од регионот. Со него ја носиме Европа тука, односно со роектираниот концепт за гоење на телиња со ова најмодерно решение кое се користи во најразвиените сточарски земји во Европа, како што се Франција, Италија и Германија – рече во своето обраќање при поставувањето на камен темелникот на комлексот сопственикот на „Весешари”, Арбен Абдурахмани.
На свеченото започнување на инвестицијата „Голд ланд“, која директно ќе придонесе во развојот на гоењето на говеда и развојот на сточарството воопшто, присутни беа премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Бујар Османи, министрите за земјоделство и економија, амбасадорот на Германија Томас Герберих, агробизнисмени….
За премиерот Зоран Заев ова е важен момент, бидејќи ова е најголема ИПА инвестиција по мерката 1.
– Значајно е не само што се отвораат нови работни места, туку и заради тоа што ќе имаме дополнително проозводство на говедско место. Важна е инвестицијата бидејќи е партнерство меѓу Германија и нашата земја. Преку 4 милијарди евра поминува годинава трговската размена меѓу двете земји – рече премиерот Заев, посочувајќи дека имаме големи германски инвестиции во земјата, а локалниот екопномски развој, преку ваквите инвестиции е значаен за државата.


Според германскиот амбасадор Томас Герберих оваа инвестиција е пример за сите фирми кои работат во РСМ.
– Ова е пример како искуството во Германија може да се пренесе со РСМ. Овој пример им ги покажува на потенцијалните инвеститори можностите за соработка, за создавање на солидна економска основа за реформа и потенцијали за останување на наслението во земјата. Германија е најважниот трговски партнер со РСМ со 4 милјарди евра и постојано расте. Преку 200 претпријатија со германски капитал вработуваат над 20.000 лица , а имаме и друга техничка поддршка. РСМ е дел од Европа и не заслужува ништо повеќе од целосно членство. Германија ќе ве поддржува и продолжете со реформите – рече германскиот амбасадор Томас Герберих.
Проектираниот капацитет на фармата и примената на најсовремените зоотехнички мерки ќе придонесат да прерасне во најголема фарма за гоење на млади бикови во земјата и во регионот.