Вчера  во Охрид официјално стартуваше летната школа на Охридска банка Сосиете Женерал, „Биди банкар“, којашто ќе трае сѐ до 27 јули 2018 година.

Втора година по ред, Охридска банка Сосиете Женерал организира интензивна летна школа за сите заинтересирани студенти кои се во завршна година на додипломски студии или постдипломски студии.

 

Програмата вклучува различни активности, како практична работа во дирекцијата и експозитурите на Банката во Охрид, тематски предавања од страна на вработените во Банката од областа на банкарското работење и финансиите, обуки за меки вештини, тематски работилници, како и многу забава, дружење и едукација.

За повеќе информации на следниов линк.