Пред министерството за здравство само што започна најмасовниот штрајк организиран до сега од страна на матичните лекари.
Нивните барања се добро познати, а денес ќе ги повторат!
Матичните лекари, иако целата ковид криза ја решаваа на најпрофесионален начин, останаа заборавени од системот за здравство и на многу ординации поради нискиот капитационен бод им се заканува затварање.
Во моментот излезе и министерот за здравство.
Тимот на БанкоМетар.мк е на терен и ќе пренесува околу овој важен штрајк и изразува поддршка за матичните лекари во нивните барања, како најважна алатка на нашиот здравствен систем.