Оптималните рокови поминаа а во нашата најголема житница поради сушата од планираните 12.000 хектари со пченица досега е засеано само една третина. Земјоделците велат доколку заврне може да се сее и до крајот на месецов но задоцнетата сеидба ги носи ризиците од правилна вегетација на посевите, заболувањето на растенијата но пред сè есенската сеидба ја прави далеку поскапа…
Состојбата со есенската сеидба во најголемата житница станува алармантна. Долгата суша ги проби и последните оптимални рокови. Зад нас е и митровден кога по традиција есенската сеидба финишира а ние не сме ниту на половината од исполнувањето на есенскиот сеидбен план, велат земјоделците.
Поради сушата плуговите не можат да ја постигнат потребната длабочина за подготовка на парцелите а без идеалната влага во почвата критично е проникнувањето и на досега засеаното децидни се пелагониските земјоделци.
Оние најискусните кој целиот работен век го посветиле на земјоделието, велат доколку дозволат временските услови може да се сее и до крајот на месецов но задоцнетата сеидба носи реални ризици по правилната вегетација на растенијата, појава на низа болести но пред сè сеидбата ја прави поскапа.
Климатските промени уште еднаш си поигруваат со земјоделските планови. Ако минатата сеидба големата влага беше пречка за целосно исполнување на сеидбениот план, годинава пркоси долгата суша во Пелагонија.