Грчкиот министер за финансии Христос Стаикурас денеска изјави дека „заклучувањето“ или строгите ограничувачки мерки поради пандемијата на вирусот ковид-19 ја чинат Грција 750 милиони евра неделно.

Тој рече дека грчката влада ги зголеми проекциите за трошоците за мерките за помош на економијата и општеството на 11,6 милијарди евра оваа година од првичните 7,5 милијарди евра поради продолжувањето на негативните индикатори за пандемијата.

На конференцијата „ФинФорум 2021“ министерот рече дека товарот на државниот буџет поради новото продолжување на рестриктивните мерки до 16 март ќе изнесува 1,2 милијарди евра, пренесува АНА.

Тој додаде дека владата ја поддржа реалната економија со 27 милијарди евра досега за време на пандемијата и подготвува план за финансирање на фондот за закрепнување.

Во Грција, во последните 24 часа се регистрирани 2.219 нови случаи на коронавирус, а други 35 лица починаа.