Завршна конференција во рамки на проектот „Поддршка на Министерството за информатичко општество (МИОА) за модернизација на јавната администрација” ќе се одржи денеска во ЕУ инфовентарот во Скопје.

На конференцијата ќе се обратат министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и Фрик Јанмат, раководител на сектор во делегација на Европската Унија во државава, по што ќе бидат претставени проектните активности и постигнатите цели.

 

(MIA)