Извозниците на домашниот ориз можат да добијат субвенции од Платежната агенција за амбалажата што ја користат при пакувањето. Финансиската поддршка е за најлонски и хартиени кеси. Барателите треба да бидат правни лица кои се регистрирани за вршење на откуп на ориз. Крајниот рок за поднесување на апликациите завршува денеска…
Агенцијата за финансиска поддршка објави јавен повик за доставување на барања за исплата на средства од програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за мерката – помош за маркетинг на земјоделските производи и нивни преработки.
Се работи за поддршка на трошоци за амбалажа на преработени земјоделски производи, односно за извезен ориз со потекло од Република Северна Македонија.
Висината на поддршката изнесува 2,5 денари по пакување во најлонска амбалажа до 500 грама, 5 денари по пакување во најлонска амбалажа до 1 килограм и 10 денари по пакување во хартиена амбалажа до 1 килограм или по пакување во најлонска амбалажа од 3 до 5 килограми.
Корисници на оваа финансиска поддршка можат да бидат правни лица кои се регистрирани за вршење на откуп на ориз согласно законот за земјоделство и рурален развој.
Краен рок за доставување на барање за исплата завршува денеска, а субвенциите се за извоз направен во периодот од 01.01. до 30.06.2023 година.