Повеќе од 3.300 хектари државно земјоделско земјиште одат под закуп. Парцелите се со големина над 3 хектари во 7 региони низ државата. Рокот за поднесување на апликациите е на крај и трае 30 дена од објавувањето на огласот на 13-ти декември минатата година …
Држават дава под закуп вкупно 3.300 хектари земјоделско земјиште, распоредени во 7 региони низ земјава. Парцелите се со големина над 3 хектари.
Наменети се за подигнување на долгогодишни насади, ливади и рибници, за поставување на пчелни семејства, за брзорастечки растенија и други култури.
Идните закупци парцелите ќе ги добијат на користење за период од 15 до 70 години во зависност од насадите и посевите што ќе ги одгледуваат.
Право на учество имаат домашни физички и правни, и странски правни лица кои мораат да достават и банкарска гаранција за учество на јавниот оглас во висина на понудена деветмесечна закупнина.
Почетната цена е од 15 до 120 евра за хектар во зависност од катастарската класа и местоположбата на земјиштето.
Еден земјоделец со доставување на една понуда може да аплицира за еден или за повеќе региони.
Огласот за закуп трае 30 дена од неговото објавување, односно од 13 декември минатата година, а изборот ќе биде по пат на електронско јавно наддавање.