Штетни се договорите за изградба на нови централи каде Владата ќе биде стратешки партнер со странските инвеститори. Здружението на инженери реагира – ќе им се дадат милиониски суми на странците, а за возврат ќе плаќаме 3 пати поскапа струја.
Со писмо до секој пратеник поединечно, бараат во среда да не ги гласаат 4-те закони, усвоени ден пред формирањето на техничката влада. Најмногу забелешки имаат за договорот со грчки Митилинеос, кој треба да гради когенеративна електрана во Гази Баба, за што ќе добие 50 милиони евра државна помош, плус уреден плац вреден 20 милиони евра. Спорно за Здружението е што согласно договорот ЕСМ ќе биде обврзана да купува најмалку 85% од производената електрична и топлинска енергија, по цени тројно повисоки од берзанските.
– Со вака скроениот закон подобро е да купуваме на берза струја, отколку од Митилинеос. Со договор сме обврзани дека мора да му ја платиме таа струја, по цена која е од 15 % до 35% поскапа од берзанската. Тоа значи грчки Митилинеос ќе има маржа од 50 милиони евра годишно, а ќарот за нив би бил над 40 милиони евра, изјави Атанаско Тинески, Здружение на инженери.
Со договорот државата се обврзува на Митилинеос да му ги плаќа и давачките за емисија на јаглероден диоксид по 2030та година, кои чинат од 30 до 40 милиони евра. Договорот ќе биде на сила 30 години, а по истекот инвеститорот не е обврзан да и ја врати електраната на државата. Со вака скроен закон, милионски ќар ќе има само грчкиот инвеститор, сметаат од Здружението на инженери.
– За 30 години ќе им профит, односно ќар преку 1 милијрда евра, или точно 1,2 милијари евра. Дури и да инвестира 100 милиони евра, таа 1 милијарда евра се акедонски пари, кои ќе влезат во џебот на странскиот инвеститор, додава Тунески
Покрај овај, слични се условите и за стратешкиот проект со АИМ Греен ТЕЦХ, за изградба на фотоволтаична централа и гасна електрана во Петровец, Могила, Неготино, Илинден, Гевгелија, и Кичево, договорот за изгрдба на Соларен парк во Штип и Свети Николе и соларна електрична централа во Пехчево.
Од Здружението сметаат дека државата има пари и капицитет да ги изгради сама овие објекти, кои по скаратена постапка Владата ги прати во Собранието. Предлагач на законите е министерот за економија Бектеши, а пописник првиот вицепремиер Артан Груби.