По повод  Денот на крводарителите (17 Март) , општинската организација на Црвениот крст – Центар беше наградена од страна на Министерството за здравство, а  Здружението на крводарители при Комерцијална банка АД Скопје – „Капка за живот“, како најактивна организација во Општина Центар доби плакета како признание.

 

Јубилејни признанија добија и неколку крводарители, како Александар Пеев од Комерцијална банка за покажаната хуманост и солидарност и 25 дарувања на крв.

 

Дарувањето крв е една од најзначајните општествено одговорни активности со која се спасуваат животи. Да им е честит денот 17 Март на сите крводарители.