По денешните информации од ВВ „Тиквеш“ за предложените откупни цени на грозјето за ова реколта, Трајче Кулев, претседателот на здружението на лозарите од тиквешијата и пошироко „Напревни лозари“, изјави дека не ги прифаќа откупните цени на грозјетето – 16 денари за вранецот и 12 за смедеревката.

Кулев потсети дека лозарите се на работ на преживувањето и дека годинава лозарите мора да покажат дека се доволни силни за да се спротивстават на манипулацијата на главните одгледувачи на основната суровина за виното, грозјето и да се знае дека без грозје нема вински бизнис.
Денеска „Тиквеш“ почна со потпишување договори со лозарите за откуп на грозје.