Земјоделието трпи штети од климатските промени. Решението е во употреба на современи агротехнички мерки, велат земјоделците, но и во соработката меѓу земјоделската наука и пракса. На земјоделскиот факултет на УГД се одржа меѓународно научно советување…
Климатските промени имаат директно влијание врз земјоделието. Годишните сезони се поместени за две до три недели порано. Порано започнуваат и земјоделските активности.
За да се справат со климатските промени, оризопроизводителите одгледуваат неколку нови сорти на ориз, но со нивното неконтролирано аплицирање, увезени се и низа болести.
За добар принос и квалитет освен прилагодување кон климатските промени потребно е практикување на современи агротехнички мерки. Вели еден од најголемите производители на лебно жито во државата.
Комуникацијата меѓу научната и практичната работа во земјоделието е неопходна за македонското земјоделство да се прилагоди кон климатските промени. Ова беше и тема на меѓународното научно советување на УГД.