Пописот во земјоделството треба да се реализира годинава. Се планира тоа да се направи од 1-ви до 31-ви март. Со него ќе бидат опфатени семејните земјоделски стопанства, деловните субјекти, земјоделските задруги, установи и други правни лица од овој сектор. Ќе се попишуваат и претприемачите регистрирани со дејност главно во областа на земјоделството или дејности поврзани со ова производство.
Земјоделскиот попис се планира да се спроведе од 1-ви до 31-ви март годинава.
Ќе се попишуваат семејните земјоделски стопанства, деловните субјекти, земјоделските задруги, установи или други правни лица, како и претприемачите кои се регистрирани со дејност главно во областа на земјоделството и деловните субјекти и другите правни лица, кои не се поврзани со овој вид на работење, а имаат организациски единици со производство на храна.
Нема да се попишуваат стопанства, што имаат само куќни градини кои немаат производство за пазар и стопанства кои одгледуваат земјоделски производи само за сопствена потрошувачка.
Податоците што ќе се прибираат се однесуваат на идентификација на стопанството, евиденцијата во регистар, за органското производство, работната сила, користено земјоделско земјиште, добиток, наводнување, механизација, опрема и преземени мерки за рурален развој.
Со глоба од 200 до 300 евра ќе се казни физичко лице ако одбие да ги даде или ако даде неточни податоци. Податоците ќе се прибираат по пат на интервју, а целата статистичка операција ќе чини 340 милиони денари.