Бројот на работниците во индустријата во октомври годинава во однос на истиот месец лани е поголем за 2.9%, соопшти Државниот завод за стстистика.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2023 година, во однос на октомври
2022 година, бележи опаѓање од 0.4 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 3.5 %, а во секторот
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 5.1 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во октомври 2023 година, во однос
на октомври 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 17.5 % и Нетрајни производи за широка
потрошувачка за 0.2 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 4.2 %, Интермедијарни производи, освен енергија за
4.1 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 4.1 %.
Бројот на работниците во индустријата
Во периодот јануари – октомври 2023, пак, во споредба со истиот период од претходната година, бројот на работници во индустријата е зголемен за1,2 отсто.