Во второто тримесечје од 2024 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесува 3.414.534 илјади денари и во однос на истиот период од претходната година е зголемен за 4.9 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 9.1 %, а кај продажбата
на земјоделски производи од сопствено производство e забележано зголемување за 16.4 %.
Намалување на вредноста е забележано кај групите полјоделството, овоштарство и лозарство, а кај останатите групи на
производи е забележано зголемување.