Прометот во трговијата на големо во декември 2019 година е зголемен за 19,9 % во споредба со истиот месец од претходната година, а прометот на мало бележи зголемување од 12,7 %.

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во декември 2019 година, во споредба со декември 2018 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 10,4 отсто, а реално за 9,1 отсто), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 23,3 , а реално за 24,1) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 17.0, а реално за 16,7 отсто).

Намалување на прометот, пак, е забележано во групата Трговија на мало, со автомобилски горива и тоа номинално за 6,4, а реално за 11,6 проценти.