Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 11.6 %.
Во второто тримесечје годинава, во споредба со првото тримесечје, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1.5 %, трошоците за материјали се пониски за 1.4 %, а трошоците за вработените се повисоки за 7.1 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во второто тримесечје од 2023 година, во споредба со второто тримесечје од 2022, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 11.6 %, трошоците за материјали за 5.4 % и трошоците за вработените за 24.5 %.