Замрзнувањето на цените и зголемувањето на каматите ќе придонесе за благ пад на инфлацијата. Според кредитната агенција Фич, изминатиов период затегнувањето на монетарната политика и намалувањео на дефициотот на тековната сметка придонесоа за враќање на едноцифрената инфлација. Сепак, таа останува многу висока кај храната, а благ пад се очекува со владината мерка замрзнување на цените, наведува Фич. Утре статистиката ќе ги објави бројките, а очекувањата на премиерот се дека ќе биде пониска од претходиот месец.
Сепак, закана за подгревање на инфлацијата, според Фич е зголемувањето на платите во јавниот сектор,а агенцијата не ги зела во предвид зголемувањата на ДДВ-то кај голем дел производи кои ќе ги зголемат трошоците за живот.
И покрај уверувањата на власта дека продуктите кои влегуваат во потрошувачката кошница остануваат да се даночат со 5%, на листата производи со зголемено ДДВ се и дел од сирењата и урдата,сите видови намази, речиси цела морска храна, зденки, конзервираната храна, овесните снегулгки, муслите, замрзнатите теста, мастиките за џвакање, чипсот бонбоните, мајонезот, сенфот, сите полуготови јадења во конзерва или тегла, инстант кафињата, сите апетисани, сите видови зачини и чаеви, белите чоколада, вафли, компоти, сите тропски овошја, дел од тестенините , еурокремите, пудинзите ,овошни јогурти, протеински оброци, слодоледи и уште стотици други.
За два дена Владата уште еднапш ќе ја разгледа листата . Ветија можност за враќање на 2,3 производи, кои би останале да се даночат со 5 отсто
И додека цените на храната во регионот и Европа паѓаат, инфлацијата , според предвидуваењата на првиот човек на ЕЦБ, Кристин Лагард се дека инфлацијата во еврозоната ќе се спушти на 2 отсто. , кај нас неизвесноста кај ѓраѓаните расте, заедно со песимизмот и стравувањата дека сиромшатијата уште повеќе ќе се продлабоочи.