Со платата во септември вработените во образованието да добијат 15 процентно зголемување, е понудата што Владата ја дала до СОНК. Како што кажа претседателот Јаким Неделков, понудата се разгледува во синдикалните организации. До понеделник се очекува конечен одговор.
-Последната понуда што ја усогласивме со МОН и Министерството за финасии е севкупно зголемување со платата за септември. Тоа е нивната понуда и се разгледува меѓу членстовото. Очекуваме фидбек и најдоцна до понеделник очекуваме сите резултати дали членството е задоволно од тој предлог, изјави Неделков во гостувањето во ТВ Сител.
Синдикалниот лидер кажа дека во 2024 година се очекува усогласување на платите со порастот на животините трошоци.