Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, изнесува 103.7, додека индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, изнесува 104.8.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (8.7 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (7.4 %) и Уметност, забава и рекреација (6.7 %), како и зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (10.2 %), Уметност, забава и рекреација (9.0 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (8.9 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2019 година, изнесува 25 726 денари, а просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври 2019 година, изнесува 38 227 денари.

Математиките покажуваат дека во споредба со периодот од 2016 година, просечната плата се зголемила за 2 269 денари.

Надлежните веруваат дека просечната плата во земјава ќе достигне до 30.000 денари до крајот на 2020 година и оти тоа ќе биде базирано на реалниот раст на економијата, а не на проекти финасирани од државата.