Инвеститорите во прачки, рудниците и производителите на монети ќе придонесат за петтиот годишен раст на вкупните глобални инвестиции во злато во 2018-та. Ова станува јасно од „Gold Yearbook 2018“, истражување на консултантската компанија „CPM Group“, цитирано од светските агенции.

 

 

„Промена на глобална монетарна политика, во комбинација со долгиот циклус на раст во САД, всушност значи дека американската економија е загрозена од рецесија“, се вели во извештајот на „CPM“.

 

 

Од консултантската компанија очекуваат нето инвестиции во злато да бидат во износ од 20,3 милиони унци во 2018-та година, што е зголемување за 6,6% во однос на 19,1 милиони унци во 2017-та година, ова е најголемиот раст од 2016-та година, кога беше забележан раст од 23,9% до 26,1 милиони унци.

 

 

Независната компанија за анализирање на суровините изјави дека побарувачката на златници, произведени од приватни ковачници на пари, ќе достигне 6 милиони унци во 2018-та година, што е 5,7 милиони унци повеќе во однос на 2017-та година и е највисоко ниво од 2016-та година.

 

 

„Нестабилноста на пазарот е необична и инвеститорите го бараат повеќе златото како засолниште“, смета Џорџ Геро, управен директор на „RBC Wealth Management“. Според него, во моментов се бараат средства кои би можеле да бидат „хеџирани“ со претстојното зголемување на инфлацијата.

 

 

Очекувањата се општата понуда на злато да се зголеми благо до 127,4 милиони унци во 2018-та година. За споредба минатата година на пазарот имало 127 милиони унци.

 

 

Глобалните испораки од рудниците ќе пораснат незначително до 97,2 милиони унци наспроти 97 милиони унци во минатата година, а очекувањата се производството да остане на истото ниво од 2017-та година – 97 милиони унци.

 

 

Цената на златото се зголеми за 14% во минатата година, иако рекордното поскапување на акциите и криптовалутите го отстранија вниманието на инвеститорите од скапоцените метали.

 

 

Според податоците на „CPM“ продажбата на златни монети се намалила до 5,7 милиони унци во 2017-та година, а тоа е најниско ниво од 2012-та година.

 

 

„Повеќе злато било купувано од алчност, отколку од страв во последната година и пол и токму заради тоа продажба на златни монети се намали, додека трговијата со фјучерси и опции е зголемен од 2015-та година“, пишува уште во анализата на „CPM Group“.