Економската логика кажува дека главен генератор за покачување на цените на производите претставува покачувањето на цената на горивата .
Поскапувањето на цената на нафтата како енергенс сигурно ќе ги принуди производителите да реагираат затоа што тоа директно влијае врз формирањето на цената на производот и спаѓаат во групата на директни трошоци кое го потврдува погоре кажаното. Најчуствителното во сето ова е што растот на цените на горивата најповеќе би влијаел и ќе влијае на покачувањето на цените на прехрамбените производи што е основен стимулатор за намалување на стандардот на граѓаните .
Значи ако се направи подетална анализа врз општата состојба на граѓаните во однос на нивниот стандард и трошоците за потрошувачката кошница ќе се заклучи дека сега ке требаат повеќе средства со покачувањето на цените на горивата.Платите во Р.Македонија споредени со платите во опкружувањето заостануваат а цената на горивата одат нагоре.
Учеството на горивата во вкупната потрошувачка изгледа вака – Во 2015 год Дизелот учествуваше со 63,64 % а цената беше во 01. 2015 год. 51,00 ден. А бензинот БС 98 со учествуваче со 12,70 % и со цена од 62,50 ден.
Во 2016 година Потрошувачката на дизелот беше застапена во однос на целокупната потрошувачка со 64,31 % а неговата цена во 01. 2016 год. беше 53,50 ден. Бензините со 11,67 % учество во вкупната потрошувачка а цената на бензинот БС 98 во 01. 2016 година изнесуваше 42,50 ден .
Моментално цената на Дизелот е 62,00 денари а на Бензинот БС 98 71,50 денари .
Тоа покажува дека покачувањето на цените на горивата и те како ќе влијае на порастото на цените на сите производи а со тоа ќе влијае на стандардот на граѓаните кој е во постојан пад .
Според експертите сопствениците на фирмите сеуште до крај го немаат вкалкулирано трошокот од покачување на горивата и покачувањето на акцизата што ја донесе како мерка оваа влада и сметаат дека поскапувачката спирала допрва ќе го зема .