Иако уште пред 60 години во европските договори е запишана рамноправноста на платите во ЕУ, жените во просек заработуваат 16 проценти помалку од мажите.
Жените ширум Европа сè уште не гледаат рамноправност ускладена со реалноста на секојдневното живеење со законите.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен вети закон за транспарентност на платите во првите сто дена од нејзиниот мандат. Таа состави тим со рамноправна застапеност на мажи и жени, но три нејзини кандидати се одбиени од Европскиот парламент, па таа рамноправност во ЕК нема да биде возможна.
Истражување на ЕУ Институтот EIGE разви индекс по кој се оценуваат сите земји членки на Унијата, на скала од 0 до 100.
При тоа се уважуваат различни животни подрачја како што се работа, пари, знаење, време, моќ и здравје. Студијата покажала дека постојат значителни разлики во рамноправноста на половите во 28 земји-членки.
Скандидавските земји како Шведска и Данска се најдобри во областа на половите, додека источноевропските земји се во долната третина од табелата.
Последна и најлоша во таа област е Грција.