Жените заработуваат околу 14,26 отсто помалку од мажите во Србија. Ова го покажало истражувањето на Републичкиот завод за статистика за просечна нето заработка според степенот на квалификации и полот.
Во оваа прилика „Мрежата на жените против насилство“ соопштија дека покрај тоа што се помалку платени од колегите мажи со ист степен на образование, жените потешко се вработуваат, побавно напредуваат и се изложени на различни форми на дискриминација.