Наглата промена на вредноста на бит-коинот и на другите крипто-валути предизвика голема паника кај инвеститорите.Компанија со седиште во Москва отвори жешка линија за помош и информации на луѓето кои се засегнати. “Некои луѓе се во паника и не разбираат што се случува.Од почетокот се беше во ред, а сега се соочуваме со нагли промени на вредноста.” , вели Елена Пиковкина, еден од психолозите кои работат на жешката линија за помош.
Таа и претходно имала искуство со луѓе кои претрпеле финансиско уништување. На пример во 2014 кога еврото и доларот нагло скокнаа над вредноста на руската рубља. Според неа најважен е пристапот :”Пред се ние се запознаваме со луѓето и ги слушаме нивните приказни. Потоа им даваме корисни совети за тоа како да се смират и опорават од последиците. Многу е важно за нас тие да не направат нешто глупаво“- вели Елена.
Бит-коинот покрај наглиот пад и губењето на својата вредност полека се стабилизира, меѓутоа неговата вредност е сеуште за 60% пониска од неговата највисока вредност претходно.