Речиси една година откако беа донесени во Собранието, измените на законот за облигациони односи кои се однесуваат на извршување не се применуваат во пракса . Според податоците на народниот правобранител до сгеа само еден предмет успеаал на суд и било стопирано извршување на предмет постар од 10 години. Судовите различно го толкуваат и применуваат зкаонот па и таму каде што основниот суд го сопрел извршувањето потоа по жалба на извршителот Апелација дозволила да проодлжи постапката вели народниот правобранител кој го иницираше ова прашање.
„ИЗГОВОРИТЕ НА КОМОРАТА НА ИЗВЕШИТЕЛИ И НА СУДОВИТЕ ДЕКА ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА НЕ Е СООДВЕТНА ЗА ПОСТАПУВАЊЕ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ИЗГОВОР. СЕКОЈ ЗАКОН ДОБАР ИЛИ ЛОШ МОРА ДА СЕ ПРИМЕНУВА. ДОКОЛКУ ПРИ ПРИМЕНАТА НЕШТО НЕ ДОСТАСУВА ТРЕБА ДА СЕ ПРИСТАПИ КОН ИЗМЕНА НА ИСТИОТ“, ИЗЈАВИ НАСЕР ЗИБЕРИ, НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ.
Законот е неприменлив затоа што законодавецот не придвел кој и во каква постапка ќе утврдува застареност а тоа го потврдија и судските одлуки во над 700 предмети велат од Комората на извршители. Решението го бараат повторно во Уставниот суд кој еднаш веќе се прозинесе дека законот не се противен на уставот и не поведеп остапка. Извршитлеите поднеле нови иницијативи до уставен суд.
Повеќе здруженија со месеци под мотото Стоп за извршителите повеке пати протестира поради неприменувањето на закаонот за облигациони односи.