Како признание за беспрекорната директна обработка на меѓународните плаќања, оваа година Комерцијална банка АД Скопје е добитник на Златната награда од Deutsche Bank: Gold 2014 Еuro STP Excellence Award.
За првпат оваа година e воведена категоризација во наградите, а Комерцијална банка АД Скопје е одликувана со највисокото признание.
Со постојаноста во квалитетот на услугите, Банката продолжува да ја потврдува својата лидерската позиција во областа на девизното работење.