Цената на унца злато до крајот на годината би требало да достигне до 1.400 долари, што се должи на помалку агресивната политика на американската Управа на федерални резерви за каматните стапки и долгорочната глобална неизвесност, оценуваат експертите за тој благороден метал.
Мартин Хаксли од сингапурската компанија „ИНТЛ ФЦСтоун“ вели дека цената на златото долго се движела од 1.217 до 1.330 долари, но дека тоа би моќело да се смени.
– Можеме да очекуваме дека златото ќе се тргува по таа цена во слендите месеци. Но, во втората половина од годината можеме да очекуваме зголемување на цената, која до крајот на 2019 година ќе достигне 1.400 долари, појаснува тој.