Цената на златото би можела да достигне и неверојатни 10.000 долари, прогнозираат експертите.

Слабиот американски долар, можната војна меѓу САД и Северна Кореја, трговската војна поврзана со Кина или отповикувањето на Доналд Трамп, се потенцијалните опасности кои би можеле да предизвикаат нови потреси на пазарите, вели експертот за благородни метали, Џим Рикардс.

Според неговите зборови, овие случувања би можеле да ја искачат цената на златото над 10.000 долари.

Цените на овој благороден метал паднаа во последните денови откако минатата недела достигнаа повеќе од 1.370 долари.

Меѓутоа, растот на цената може да резултира и со зголемувње на цената на стоката.

„Златото значи куповна моќ, но ако златото на пример биде 5.000 долари, тогаш и нафтата ќе сккне на 400 долари, а се останато двојно или тројно“, нагласи тој.

 

31.01.2018 11:31