• Вредноста на златото првпат во историјата ја надмина психолошката граница од 3.000 долари за една унца (28,35 грама).
  • Само од почетокот на оваа година, цената на златото се зголемила за 14 отсто.
  • Златото традиционално се смета за најбезбедна инвестиција во време на инфлација или економска нестабилност. Таква нестабилност се очекува како последица на царинските војни што американскиот претседател Доналд Трамп ги почна со светот.
  • Инвеститорите проценуваат дека златото сè уште не ја достигнало максималната вредност, која до крајот на годинава би можела да стаса до 3.300 долари за унца.